Кластерско здружување за конкурентност на компаниите
Кластерското здружување поттикнува соработка и ја јакне конкурентноста на компаниите. Поголема и посилна мрежа е клучна конкурентска предност, особено во турбулентни економски времиња.
Тоа се дел од пораките од учесниците на денешната тркалезна маса на тема „Кластерите - алатка за зголемување на конкурентноста на македонските компании“, што се одржува во организација на Бизнис конфедерацијата на Македонија и Министерството за економија.
Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија, истакна дека е потребно поттикнување на кластерското здружување затоа што кластерот има алатки да ги здружи и промовира компаниите да настапат заедно, со што се зголемува конкурентноста.
- Има повеќе придобивки. Дури и самото вмрежување на компаниите и откривањето на можностите на услугите и производите се генерално придобивки. Кога станува збор за подобрување на легислативата здружените компании во кластерите може да се изјаснат и да влијаат во креирање политики бидејќи секако дека за водење бизнис се потребни разни политики кои може да го подобрат работењето, изјави Бошков.
За поттик на кластерското здружување, покрај соодветна законска регулатива која е воспоставена, според Бошков, е важен начинот на функционирање, чисто и јасно дефинирање на заедничките цели и визии за подобра економија, раст, конкурентност и зголемување на обемот на производство.
Многу се важни средствата за функционирање на секретаријатите бидејќи, како што рече, кластерот не може да функционира без секретаријат, односно довербата на вклучените компании за нивното функционирање, за членарините, оперативноста, начинот на комуникација, откривање нови пазари и партнери.
На тркалезната маса беа претставени успешните практики на кластерите за туризам, за вино и текстилниот кластер и регулативаната за нивно функционирање.
Ново на Сител
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
-
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава