Кластерско поврзување и вложувања во инфрастрсуктурата за равој на винскиот туризам
Искуствата на земјите кои станале препознатливи и имаат исклучителен успех во винскиот туризам потврдуваат дека за успех на овој вид на туризам потребна е соработка и вмрежување на сите чинители кои на свој начин можат да придонесат кон поголем раст и развој на овој туристички производ. Колку повеќе винарии, ресторани, хотели, музеи, туристички организации, вински продавници и други чинители се вклучени во таа мрежа на соработка, толку подобар ќе биде и резултатот. Многу значајно е и локалните самоуправи и регионалните центри да работат на подобрување на локалната бизнис клима со цел поголеми инвестиции во туризмот и негов одржлив развој, кој ќе придонесе и за рамномерен регионален развој, но и економски раст на државата.
Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на отворањето на конференцијата „Предизвици и развој на винскиот туризам во РМ“, што се одржа денеска Скопје во организација на Министерството за економија со поддршка на „Добредојде Македонија“ и Здружението на вински консултанти и едукатори „Калемење“, во рамки на Скопскиот вински салон 2018.
-Владата на Република Македонија приоѓа кон туризмот како кон прироритетен економски сектор и со мерките и активностите што ги спроведуваме, Македонија станува сè повидлива на светската туристичка мапа. Доказ дека сите овие активности се во вистинска насока е и статистиката според која во последните години бележиме раст на посетеноста од странски туристи за повеќе од 100%. Трендот на зголемување продолжува, па во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13.6 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.1 %, а кај странските има зголемување за 13.3 %. Бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром е во пораст, благодарение на чартер летовите и на 33-те директни линии до најзначајните европски дестинации, рече Бектеши.
Тој додаде дека, сепак, за комплетно искористување на потенцијалите на туризмот во Македонија треба да одговориме и на предизвиците кои се однесуваат на подобрување на локалната туристичка инфраструктура, но и на пристап до квалификувана работна сила и подобрување на квалитетот на услугите во туристичкиот сектор. И, на тоа ќе се работи со заеднички напори на креаторите на политики, бизнис секторот и локалната самоуправа.
Градоналалникот на општина Демир Капија Лазар Петров истакна дека македонските винарии произведуваат некаде околу 24.000 тони грозје, што е некаде околу 220 милиони литри ставајќи ја земјата на 25-то место во светот, од кои најголемите површини под лозови насади се во рамки на оваа општина. Нагласи дека потенцијалот за развој на винскиот туризам е голем, а за тоа е важно кластерското поврзување меѓу сите надлежни субјекти. Покрај двете големи винарии кои ги има во Демир Капија и развојот на Тиквешкиот вински пат, се повеќе се отвораат и мали семејни винарии, кои рече, имаат потреба од поддршка за нивна промоција. За опстанок и пред се развој на винскиот туризам, нагласи важно е инвестирање во инфраструктурата помеѓу помалите и напуштени села во кои се наоѓаат најголем дел од лозовите насади.
-Оваа инфраструктура е неизбежно да се направи за развојот на винскиот туризам да се динамизира. Затоа што во малите напуштени куќи и села секој би сакал да направи мала винарија со производство од 10-20 илјади шишиња, што би донело добар приход, рече Петров.
Швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада истакна дека од нивното искуство како винска земја, клучна е разновидната и богатата понуда за туристите, особено на автохтоните сорти со што Македонија може да бидат конкурентни на светскиот пазар. Важно е рече, да се поврзат и сите засегнати страни во овој домен за поголем успех, а потенцијалот за тоа е голем.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?