КЛ: Рајо Ваљекано, Кристал Палас, Стразбур и Шахтјор полуфиналисти

Шпански Рајо Ваљекано, украински Шахтјор, англиски Кристал Палас и француски Стразбур се полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА.
Рајо Ваљекано претрпе пораз синоќа од 1-3 во Атина од АЕК, но, сепак, ја soчува предноста од 3-0 од првиот натпревар на домашен терен.
Противник на шпанскиот клуб за место за финалето ќе биде Стразбур кој со триумфот над Мајнц од 4-0 ја надомести негативата од 0-2 од првиот натпревар.
Во второто полуфинале ќе играат Кристал Палас и Шахтјор.
Англискиот тим го загуби реваншот од Фиорентина со 1-2, но предноста од 3-0 од првиот натпревар беше доволна за пласман понатаму.
Предноста од 3-0 од првиот натпревар ја сочува и Шахтјор, одигрувајќи нерешено 2-2 на реваншот против АЗ во Алкмар.
Полуфиналињата се на програмата на 30 април и 7 мај, а финалето е на 27 мај на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг.
МИА
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
