Ќучуков: Бугарија е во стапица поради блокадата на Македонија
Поранешниот бугарски заменик-министер за надоворешни работи и поранешен амбасадор во Лондон Љубомир Ќучуков, вели дека Бугарија поради блокадата на Македонија ја изгубила цела предност на земја-членка на ЕУ, и се изолирала како во НАТО и ЕУ, така и на Балканот.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во авторски коментар за бугарскиот портал „Епицентар“, Ќучуков вели дека поради тоа Бугарија е подложена на политички притисок од сите страни – од САД поради геополитички причини за да не се создаваат тензии на Западен Балкан кои отвораат дополнителен простор за влијание од Русија и Кина, од ЕУ, заради тоа што на тој начин се компромитира политиката на проширување на ЕУ кон регионот.
-Бугарија е изолирана дури и од Албанија, бидејќи на тој начин се одложува и нејзиниот почеток на преговори за членство. Дури и Грција успеа да стане пријател на Република Македонија, а Франција, која во принцип е против проширувањето на ЕУ, сега тврди дека ја подрржува Македонија, вели Ќучуков.
Според него, Бугарија успешно се втурнала во стапица. Наспроти општоприфатеното мислење, Бугарија, вели тој, е таа која најмногу изгуби поради блокадата на С Македонија, како на меѓународен план, така и во билатералните односи.
Техничката Влада на Бугарија, според Ќучуков, не може да излезе од оваа ситуација во отсуство на Парламент, затоа што Рамковната позиција од 2019 година, оценува тој, ги блокира сите можности за договор.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа