Ќучук: Верувам дека ЕУ ќе ја потврди јасната перспектива за Западен Балкан
Верувам дека ЕУ ќе ја потврди јасната перспектива за Западен Балкан на Самитот во јуни. Тука е важно регионот да биде активно вклучен на конференцијата за иднината на ЕУ. Од тоа најголема добивка ќе имаат младите луѓе, рече меѓу другото бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, известувач за РС Македонија во Европскиот Парламент вечерва во дневникот на Сител ТВ, прашан што може да очекуваме од Самитот на ЕУ во јуни.
Прашан какви последици може да има можното раздвојување на С Македонија и Албанија, по регионот, ЕУ и по двете земји, тој одговори – многу тешки. Смета дека С Македонија и Албанија треба да одат во пакет, да се стимулираат реформите, а од друга страна да се даде јасна перспектива за целиот регион.
Од таквиот спор сите губат, рече Ќучук, и С Македонија и Р Бугарија и самата ЕУ. Има дефицит на доверба, потенцира и затоа, оцени, треба да се вратиме кон тоа што ја создава довербата, а тоа е Договорот од 2017 година.
Според европратеникот Ќучук, известувач за РС Македонија во Европскиот Парламент, комуникацијата помеѓу двете земји треба да тече и помеѓу невладините организации, интелектуалните претставници, Универзитетите, новинските агенции, за да можеме, како што рече, да се запознаеме едни со други.
– Верувам во поврзувањето и тоа инфрструктурна, дигитална, културна и меѓучовечка, а за да се стигне до таа точка разговорот треба да биде поддржан, рече Ќучук.
Тој смета дека бугарската Влада може да определи екипа од луѓе или претставник на ниво на Владо Бучковски и да се водат тие разговори, не за историските прашања, туку во смисла на подготовка на средината на донесување на важно политичко решение.
Ново на Сител
-

И утрово исклучително висок степен на загаденост на воздухот во Белград
-

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1 300 до 1 800 евра
-

За еден месец 101 санкции за непрописно вградени фолии
-

Студено утро, најниска температура измерена во Берово
-

Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија
-

Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“, известувањата ќе се добиваат преку СМС и на е-маил
-

Дабл-дабл на Дончиќ недоволен Лејкерси да избегнат пораз од Феникс
-

Во Собранието ќе заседаваат три комисии
