Ќучук: Историјата не е турната под килим, таа е составен дел од преговарачкиот процес
„Историјата е составен дел на преговарачиот процес, таа не е турната под килим, напротив – заедничката историска комисија треба да го исполни со содржина нејзиниот мандат“.
Ова меѓу другото во интервју за бугарското радио „Фокус“ го изјави Илхан Ќучук, бугарски европратеник и известувач за РСМ во Европскиот парламент.
На прашање зошто Илинденското востание не се одбележа заеднички, како национален празник на двата народа тој вели:
„Не ја пречкртавме, бидејќи историјата е составен дел на преговарачиот процес и не се согласувам дека е турната некаде под килим. Токму обратното, историјата како наука, која е конзервативна, треба да биде оставена во рацете на историчарите. Таков мандат и е даден на соодветната историска комисија, и тој мандат треба да биде исполнет со содржина. И таа навистина да работи во духот на науката, во духот на взаемното разбирање, да бидат најдени оние допирни точки што биле во минатото, и да бидат побарани нови допирни точки кои треба да стапат во иднината. Тоа e неизбежно поврзано со членството на Северна Македонијa во ЕУ. Таму можат да најдат место и Бугарија, и Северна Македонија, и тоа не му противречи на националниот интерес на Бугарија – напротив, го збогатува и го задолжува да биде многу посоодветен кон новите реалности што се случуваат“ – вели Ќучук.
Ново на Сител
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници