Ќучук: Горд сум што мојата земја Бугарија прва ја призна независноста на Македонија
Специјалниот известувач во Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук упати честитка до граѓаните по повод Денот на независноста посочувајќи дека нашата земја стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан.
- Македонија има посебно место во моето срце за нејзините прекрасни луѓе со кои имав можност да се сретнам и за извонредното гостопримство во кое отсекогаш уживав во моите бројни посети. Знам дека постигнувањето независност на мирен начин е извор на особена гордост за сите вас, а особено сум горд што мојата земја Бугарија беше првата земја што ја призна независноста, вели Ќучук.
Овој ден не само што ја означува независноста на Македонија, туку покажува, вели тој, и колку сте постигнале од 8 септември 1991 година.
-Вашата издржливост и успеси во последните три децении се од ваша сопствена одлука. Не дојдоа однадвор. Како и секоја млада демократска земја, поминавте низ тешки времиња, но денес, можете да славите поради единството и хармонијата меѓу луѓето. Македонија стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан, посочува специјалниот известувач во Европскиот парламент Ќучук.
Тој дополнува дека со единство и почит еден кон друг, вредности кои се силно застапени во владата на премиерот Зоран Заев, напредокот е неизбежен.
– Веќе го проследивте вашиот стратешки пат со членството во НАТО и заслужено добиената покана за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија се историско достигнување и убеден сум дека ќе ја видиме Македонија таму каде што припаѓа – како составен дел дел од европското семејство. Јас навистина верувам во светлата иднина на вашата земја, бидејќи успехот е во ваши раце и на помладата генерација, порачува Ќучук.
Ново на Сител
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
