Македонија
21. December 2022 - 16:31

Ќучук: Ги почитувам оценките на македонските граѓани

Македонија нема друг пат освен да биде дел од Европската унија, смета европратеникот Илхан Ќучук. Во однос на резултатите од последната анкета на ИРИ во која мнозинството граѓани се против францускиот предлог и уставните измени вели ги почитува бидејќи тоа е став на граѓаните, но од друга страна со порака до политичарите, посебно проевропските, да најдат сила да продолжат со реформите на патот кон ЕУ.

Опозицијатаи  и понатаму со останува со истиот став, нема да дадат поддршка за промена на Уставот.

Отворањето на културните клубови во Македонија и Бугарија за европратеникот Ќучук е важно прашање за граѓаните во двете држави, но според него многу поважни се добрососедските и пријателските односи и почитувањето на различностите.