-->
-->
Ќерката на Сулејмани се закани на американските војници на Блискиот исток
-->

Зеинаб Сулејмани, ќерката на иранскиот генерал Касим Сулејмани, убиен во воздушниот напад на САД во Багдад, се закани со напад врз американските воени сили на Блискиот исток.
– Семејствата на американските војници на Блискиот исток ќе поминат денови во очекување на смртта на нивните деца, рече таа, обраќајќи се пред стотици илјади луѓе за време на погребната поворка за нејзиниот татко во Техеран.

Исто така, генералот Исмаил Гани, кој го замени Сулејмани на лидерското место на елитната единица Кудс, вети дека ќе се одмазди.
– Семоќниот Бог вети дека ќе се одмазди, а Бог е главниот одмаздник. Секако ќе се преземат активности, рече Гани во интервју за Иранската државна телевизија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун