Џет-Сет
20. August 2016 - 11:45

Ќерката на Маринко тешко ја поднесува смртта на татко и - Дубравка прави се за таа полесно да го преболи

Маринко Маџгаљ почина на 26 март оваа година откако ја изгуби битката со ракот на панкреасот, а неговата поранешна сопруга, актерката Дубравка Мијатовиќ и пружа љубов и помош на 7 годишната ќеркичка како полесно би го преболела заминувањето на татко и.

Врелото време во Белград актерката реши со ќерките да го замени со убава плажа како би се одмориле, а тие одлучија ова лето да отидат во Грција. Постара ќерка на Дубравка, која има 16 години, а која актерката ја доби од бракот со актерот Горан Радаковиќ, е голема помош на нејзината сестра после смртта на Маџгаљ.

Дубраква и Маринко својата врска ја започнаа во 2007 година. Во брак беа седум години и ја добија ќерката Сара. Кога се разделија, тој започна врска со новинарката Лана Секулиќ.