Џет-Сет
28. December 2016 - 12:18

Ќерката на хармоникашот Драган Стојковиќ заврши во полиција

Ќерката на хармоникашот Драган Стојковиќ Босанац, Александра Стојковиќ Џиџа деновиве била приведена во Германија под соменение дека шверцувала гардероба.
 
-Службениците ја задржаа Џиџа бидејќи се посомневаа дека се обидува нелегално да пренесе фустани. Беше во друштво на стилистот Владимир со кој тргна од Србија. Двајцата се обиделе да објаснат дека Џиџа е на едномесечна турнеја и дека куферите и се преполни со фустани за секој ден. На крајот се извлекоа со етикетите на кои е напишано името на стилистот, а имаа среќа и да поминат без парична казна, вели извор близок до ѕвездата на „Гранд“.