Џет-Сет
6. November 2015 - 12:39

Ќерката на Цеца сака да стави силикони, ама мама не и дава

-Задоволна сум од својот изглед, но би ги зголемила градите, вели за „Блиц“ Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на Аркан и наследничка на турбо фолк дивата Цеца Ражнатовиќ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
-Ќе го направам тоа, иако знам дека кога ќе ја прашам мајка ми да вградам силикони, би ми рекла: „Нема шанси“. Но за неколку години, мислам дека ќе се сложи, вели Анастасија, 17-годишната ќерка на Цеца.
 
Таа вели дека до сега на себе ништо не менувала.
 
-Гледам на порталите коментари дека сум ги зголемила усните. Морам да кажам дека тоа не е вистина. Моите усни се природно големи, вели убавата ќерка на Цеца и открива дека таа за се отворено разговара со својата мајка па и за пластичните операции.
 
 

-Мама и јас имаме специфичен однос, многу сме блиски. Таа е мојата најдобра другарка, моја поддршка...Една на друга си ги доверуваме тајните, се советуваме... Блиска е и со Вељко, ама со мене е поблиска, вели таа.

Иако се уште не отишла под нож, Анастасија неодамна го промени својот изглед.

-Станав русокоса зошто од својата осма година сонував за тоа. Постојано како мала, зборував дека ќе се фарбам кога ќе пораснам, но мама не ми дозволуваше. И кога се офарбав, доживеа шок! Сепак после ми рече дека одлично ми стои, вели шармантната Анастасија.

 

Ново на Сител