Ќерката на Аркан прозборе: Татко ми ми го вети ова пред смртта
Софија Ражнатовиќ, вонбрачната ќерка на покојниот Аркан, која дојде на 17-годишниот помен на татка си, за прв пат прозборе за медиумите, за својот татко, својот живот и односот со својата маќеа Цеца.
– Дојдов да оддадам почит на својот татко кој многу го сакав. Иако веќе цели 17 години не е меѓу нас, живее и понатаму во мене. За мене ова е најтежок ден во животот. Живеам далеку и не доаѓам често, но мило ми е што денес сум овде во Србија за да си ги испочитувам родителите. Полно ми беше срцето кога ги видов сите негови пријтели кои ги сакаше неизмерно, вели Софија.
Таа вели дека Аркан за неа бил најдобриот човек на светот, грижлив татко и човек полн со љубов.
– Беше внимателен кон децата, особено кон мене, се лутеше кога се враќав доцна од ноќните излегувања. Знам дека беше познат, но кон децата беше сосема поинаков, нежен и полн со љубов. Секогаш сакаше да бидеме една голема и сложна фамилија, додава Софија низ солзи.
Последниот разговор со татка си го имала неколку дена пред смртта.
– Сакаше да ми среди документи за да добијам српски пасош. Разговаравме за тоа, ми вети дека ќе среди и дека ќе биеме заедно, вели таа.
Исто така, за својата маќеа Цеца, има само пофални зборови:
– Цеца многу ја почитувам, таа за мене е силна жена. Со огле на тоа дека не живеам тука не знам дали нешто лошо се зборува за неа и за нас, но немам никаков проблем со неа и никогаш не сум ни имала. Се сложувам со целата фамилија, вели Софија.
Додава дека не се постојано во контакт со браќата и сестрите бидејќи секој го живее својот живот, но со Цеца постојано се слуша и ги сака нејзините песни.
– Мене ми е важно сите да се живи и здрави, завршува Софија.
Зап отсетување, Аркан Софија ја добил од кратката врска со социјалната работничка која се грижела за него во белгискиот затвор.
Ново на Сител
-
Крадец влегол во домот на скопјанец и украл парчиња накит, потоа го нападнал и сопственикот
-
Измамен 54-годишен за 730 илјади денари, му кажале дека има 15.000 долари заглавени во банка
-
Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ
-
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
-
Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината
-
Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот