-->
-->
Ќе ви се скрши срцето: Татко истетовирал лузна на главата за поддршка на својот син
-->

Џош Маршал Канзас, татко на момче кое е оперирано од тумор на мозокот, истетовирал „лузна“ идентична на лузната од операција на неговиот син за да му ја врати изгубената самодоверба.
На 8-годишниот Габриел му бил дијагностициран малиген тумор на мозокот во март минатата година, по што следувала операција и третмани со хемотерапија. Иако состојбата на Габриел се стабилизирала и туморот престанал да се шири, тој се чувствувал непријатно во својата кожа бидејќи луѓето постојано зјапале во неговата лузна.
Кога Габриел му признал на татко си дека се чувствува како „чудовиште“, тој знаел дека мора да преземе нешто. „Кога го слушнав тоа, ми се скрши срцето“ – рекол Џош кој одлучен да му ја врати самодовербата на синот, си направил идентична „лузна“ на главата.
Фотографијата од Џош и Габриел, на која тие позираат со „лузните“ стана вирален хит на социјалните мрежи откако победи на натпревар за „Најдобар ќелав татко“ организиран по повод Денот на таткото. Во натпреварот учествуваат мажи кои си ги избричиле главите за да поддржат дете болно од рак.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор