Македонија
16. December 2018 - 17:42

Ќе успеат ли иснтитуциите да го заштитат вредниот споменик на културата во Курбиново

Заради недостиг на средства, стагнираат работите на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново. Од влагата голем дел од сликарството е уништен, а скоро 6 години има застој на реставрацијата и конзервацијата.

-Незалагањето и одолговлекувањето на извршувањето на работните задачи во манастирот „Свети Ѓорѓи“ дава до тоа и остатокот од фреските пос тепено се распаѓаат, пропаѓа овој манастир. Опстојувал 830 години, а сега во 21 век да го доживува ова дело е нечесно за сите.

Завод и Музеј Битола изработиле обемен проект, комисијата за контрола нашла забелешки, но не биле дадени други солуции и настанал застој, велат конзерваторите.

-Најдовме решение во дополнителни истрражувачки работи, но и тие не беа навремено финансирани. Нешто реализиравме последниве два месеци од годината, но останува голем дел и а наредната година. Клучен е проблемот во финансирањето на работите, многу мали се финансиските средства кои годинава реално се доделија на Завод и музеј, има и заостанати неплатени трошоци, тоа е основната работа која треба да се разреши.

Токму за да се апелира до сите надлежни институции да не го остават ова културно наследство старо десет века да пропаѓа, се одржа дебата за состојбата на црквата.

-Да иницираме ваква средба, да упатиме апел до сите  надлежни институции, со цечл нашето најголемо наше културно и историско богатство, да го актуелизираме, да се забрзаат активностите и да си го собие своето место на културната и туристичката мапа на Македонија.

Во црквата во Курбиново се наоѓа еден од најавтентичните фрескоживописи, а тука е и ангелот кој се наоѓа на банкнотата од 50 денари.