Бизнис
22. December 2015 - 8:56

Ќе се зајакнува соработката меѓу бизнисмените и Инспекцискиот совет

Сојузот на стопански комори на Македонија и Инспекцискиот совет денеска ќе потпишат меморандум за соработка во насока на зголемено делување за намалување на нелојалната конкуренција.

Меморандумот ќе го потпишат претседателката на ССК, Данела Арсовска и претседателката на Инспекцискиот Совет, Иринка Ќосева.

Во рамки на своите надлежности потписниците ќе соработуваат за потребите на членовите на Сојузот, како и за зајакнување на соработката во областа на промоција, имплементација и унапредување на инспекцискиот надзор во Република Македонија.