Ќе се врши санитарен отстрел на дива свиња во Македонска Каменица
Во насока на заштита од болеста африканска чума, а согласно насоките на Агенцијата за храна и ветеринарство, во Македонска Каменица се организира акција за санитарен отстрел на дива свиња.
Како што информираше Гоце Стоиловски од ловното друштво „Каменица-Саса“ на самиот лов ќе присуствуваат и лица од Агенцијата за храна и ветеринарство.
– Во моментот се изготвуваат списоци за дозволи за движење во шума, а потоа ловците ќе можат да подигнат дневни дозволи и да се потпишат лично дека се запознаени со начинот на лов според однапред утврдените решенија од АХВ и МЗШВ. На самиот лов ќе присуствуваат инспектор од АХВ и ловен инспектор, а месото од евентуално отстреланите диви свињи ќе се чува во посебен фрижидер додека се добијат резултатите од АХВ, информира Стоиловски.
Стоиловски апелира за време на оваа активност да се внимава со опушоците од цигарите, да не се пали оган на отворено се со цел да се зачуваат самите ловишта и шумите.
Акцијата ќе се спроведе идната недела, а сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во санитарниот отстрел на диви свињи можат да се пријават во канцеларијата на ловното друштво во Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски на одбележувањето на 30 год. на Дејтонскиот договор
-
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
-
Судството да се тргне од канџите на политиката
-
Преглед на вестите од светот
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Teма на денот со Синиша Ивановски, директор на Железници инфраструктура
-
Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата Лав XIV и средба со италијанскиот претседател Mатарела