Ќе се спроведе стручен надзор за породувањето на Станка која остана неподвижна со вклучен експерт од соседството

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана, соопшти Министерството за здравство.
Надзорите се спроведени во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а се земени и изјави од здравствените работници вклучени во третманот.
Сепак, имајќи ги предвид сериозните здравствени компликации на пациентката, донесено е решение за спроведување стручен надзор над целокупниот тек на нејзиното породување и натамошно лекување. Комисијата за стручен надзор е составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија, информираат од Министерството.
Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава.
Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки, наведуваат од Министерството и додаваат дека по завршувањето на стручниот надзор ќе ја информираат јавноста за наодите и заклучоците.
МИА
Ново на Сител
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
