Ќе се реконструира Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани
Со буџетски средства на Министерството за култура ќе се реконструира зградата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.
Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во далечната 1950 година.
- Според планирањата, се надевам дека до крајот на оваа година ќе го завршиме првиот дел, односно надворешниот, кој ќе опфати целосна реконструкција на фасадата, на покривот, столаријата и сите делови коишто припаѓаат во надворешниот дел од Центарот. За следната година се надевам дека ќе почнеме со реконструкција и на внатрешниот дел, така што кочанци за кратко време ќе добијат еден убав објект во центарот на градот, кој навистина ќе го носи епитетот Центар за култура, рече Кристина Атанасова-Арсова, директор на ЦК „Бели Мугри“ Кочани.
Во втората фаза е планирано целосна реконструкција на внатрешниот дел на Центарот, на сите канцеларии, сцената, промена на столчињата, осветлувањето, озвучувањето.
Минатата година се работеше на изработка на проектот кој Министерството за култура го одбори, а првата негова фаза чини околу 500 илјади евра.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори