Ќе се прави серолошка ковид анализа на целата територија на државата
Ќе имаме слика и ќе излеземе пред јавноста да речеме дека, според нашите бројки, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин, рече вчера Беким Сали во гостување во „360 степени“.
Министерот за здравство, Беким Сали, зборувајќи за ниското ниво на вакцинација во земјава, рече дека во претстојниот период фокусот ќе биде на лицата постари од 50 години и на оние што имаат една од петте дијагнози што се сметаат за најризичен коморбидитет при разболување со ковид-19.
-Една работна група е формирана од Комисијата за заразни болести за да се фокусира на овие пациенти. Ние преку матичните лекари ќе пристапиме до секој од нив со одредување време и место каде ќе се имунизираат, рече Сали.
За подобра слика, најави и серолошка анализа на целата територија на државата.
-Оваа анализа ќе ни покаже реално колку сме имунизирани. Имаме евиденција колку сме вакцинирани, колку се со една, две, три вакцини, со кави вакцини… Но, знаејќи дека особено сојот омикрон поминува со полесна клиничка форма, голем број од нашето население не отишле за ПЦР-тест или сами го поминале омикронот во домашни услови. И сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале ковидот и врз основа на овие резултати, ќе имаме една слика и мислам ќе излеземе пред јавноста да речеме дека според нашите бројки, евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин, изјави министерот за здравство.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“