Ќе се постигне договор за законот за државјанство, вели министерот Маричиќ
Многу конструктивен, добар, разумен и со аргументи, вака министерот за правда Бојан Маричиќ го оцени денешниот состанок за законот за државјанство што се одржа во Собранието. Се утврдило, рече, каде може да лесно да се постигне договор или согласност. Притоа, останале отворени неколку прашања за кои Владата треба да обезбеди информации.
Како што истакна Маричиќ вечерва во гостување на ТВ Сител, постигната е согласност дека треба да има предвидлив и проверлив начин на верификација дека некој ги исполнува условите за државјанство.
Тоа со сведоци е опција што не влева многу доверба и може да биде потпрашање, а и ја нема никаде во Европа и во светот, посочи министерот.
Се разговарало само околу предлогот на Алијанса за Албанците кој предвидува измени на постојниот закон. За нов закон не станало збор.
-Состанокот беше многу конструктивен и добар, многу разумен и со аргументи. Се идентификуваа аргументите од постојниот Закон и од она што го предлагаше Алијанса каде е потребна дополнителна дискусија. Се утврди каде може да лесно да се постигне договор или согласност. Останаа неколку отворени прашања за кои и ние како Влада треба да обезбедиме информации. Не би било коректно јавно да преговараме за црвените линии. Имавме добар состанок од кој јасно е кој на која позиција е. Отворивме четири теми од кои за две – три рековме дека треба дополнително да се видиме, со проверка на компаративните искуства – како е во другите држави, рече министерот.
Тој смета дека ќе се најде решение зашто има и други, алтернативни начини освен со сведоци – како луѓето кои живеат долго во РМ и се уште не го оствариле своето право на државјанство, а реално исполнуваат услови да го докажат тоа на некој соодветен начин и да го добијат државјанството
-Она со што се согласивме, сега јас не би влегувал во детали, меѓутоа се согласивме дека треба да имаме еден предвидлив и проверлив начин на верификација дека некој ги исполнува условите за државјанство. Тоа со сведоци е една опција која што не влева многу доверба и може да биде потпрашање, а и ја нема никаде во Европа и во светот. Она што беше многу важен дел на состанокот е тоа што сите се повикувавме на европските искуства и на Европската конвенција за државјанство и се договоривме дека ќе се држиме во тие рамки, потенцира Маричиќ.
Според официјалните бројки, околу 800 лица се без документи, а 2.500 поднеле барања за државјанство.
-Ние знаеме дека има околу 800 лица без документи и за нив е веќе направен закон според кој може да се регистрираат во системот, најпрво да добијат извод од матична книга, потоа и сите други документи, па да видиме дали остваруваат право на државјанство. Добивме и информација од МВР дека околу 2.500 барања има за државјанство. Тоа се бројките што ги слушнавме на маса, а се базирани според податоци од институциите се друго е на некоја политичка реторика. За оваа бројка на луѓе не би требало да има проблем, ниту за која било друга бројка ако ги направиме вистинските чекои и направиме закон за да се решат проблеми, информира министерот за правда.
Ново на Сител
-
Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната
-
Три лица убиени во напад со нож на Менхетен
-
Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
-
Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина
-
Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата, уапсени најмалку десет лица
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет