-->
-->
Ќе се модернизира уличното осветлување во Демир Капија
-->

Во Демир Капија и населените места ќе се модернизира уличното осветлување со замена на старите живини, со нови лед светилки.
Градоначалникот Трајче Димитриев информира дека предвидено е вградување на 763 лед светилки и дека проектот опфаќа и поставување на 70 нови столбови, од влезот во Демир Капија до градскиот пазар во должина од 2 километри.
Најави дека ќе бидат поставени подземни напојни кабли за поврзување.
Според Димитриев со промена на светилките ќе се добие подобро осветлување, заштеда на електрична енергија и намалени трошоци за одржување.
Целосното извршување на предвидените активности е планирано да трае шест месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
