Ќе се менуваат имињата на две катни гаражи во Скопје
– На следната седница на Советот на Скопје, што ќе се одржи идната недела, советниците ќе расправаат за предлогот за преименување на гаражите „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“.
Според предлогот на Град Скопје, гаражата „Македонска фаланга“ лоцирана на улицата „Свети Кирил и Методиј“, во близина на трговскиот центар „Рамстор“ ќе се вика „26-ти Јули“. Поводот е 55-годишнината од земјотресот во Скопје, како и зачувување на историјата на градот.
– Ова е еден пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот на 26-ти Јули 1963 година, стои во образложението на предлогот.
Гаражата „Тодор Александров“, лоцирана на улицата „Даме Груев“, се предлага да се преименува во „Беко“ поради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од поранешната стоковна куќа „Беко“
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток