-->
-->
Ќе се гради пречистителна станица за одпадни води во населеното место Кучичино
-->
Со цел намалување на еколошката загаденост и напорите за здрава и чиста човекова околина, општина Чешиново Облешево ќе гради мала пречистителна станица за одпадни води која ќе биде лоцирана во населеното место Кучичино.
- Малата пречистителна станица за одпадни води е дел од општинскиот проект за заштита на човековата околина. Ќе се гради во месноста викана Долна Лака во катастарската општина Кучичино. По извршената јавна анкета во текот на минатата недела, денеска организиравме и јавна презентација на прокетот согласно Локалната урбанистичка планска документација, изјави градоначалникот Костадин Личков.
Со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој, истакна Личков, кој е наменет за спроведување на проекти за подобрување на општинските услуги, општина Чешиново Облешево добиените средства ќе ги искористи за градежни работи за водоснабдување на населеното место Облешево.
Водосонабдувањето на Облешево општината ќе го решава преку градскиот водоснабдителен систем на Кочани, за што веќе е постигнат договор меѓу општините Кочани и Чешиново Облешево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие!
-
Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ го доби решението за регистрација во судот во Тирана
-
УХМР: Следува период на претежно сончево време
-
Приведени две лица од тетовско и гостиварско, управувале возила со многу поголема брзина од дозволеното
-
Тошковски: Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина
-
За викендот од 1549 издадени платни налози дури 844 прекршоци за непочитување на пропишаната брзина на движење
-
Атаман прогласен за најдобар тренер на Евробаскет 2025
-
Италијанскиот мотоциклистички тркач Котини почина по повреди на трка