Ќе се гради нов експресен пат од Радовиш до Штип

За еден месец ќе почне изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш во должина од 23,5 километри, инвестиција во вредност од 28 милиони евра, обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој. Патот ќе се гради на целосно нова траса од местото Софилари пред Штип до Бучим. Mаксималната дозволена брзина ќе биде 110 километри на час.
Како што најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, веќе е потпишан договорот за изградба и новиот пат треба да биде завршен до крајот на 2020 или почетокот на 2021 година. Истовремено со изградбата ќе се изврши обнова со проширување на постоечкиот регионален пат, во што ќе бидат вложени три милиони евра.
- Овој пат ќе биде продолжување на автопатот Миладиновци – Штип кој очекуваме да биде завршен следната година и се надеваме оти ова комплетно ново сообраќајно решение ќе придонесе за намалување на времето за транспорт на стока и патници, рече Сугарески, потенцирајќи ја важноста на патот за жителите од регионот и посочувајќи оти сообраќајот на стариот регионален пат се одвива во отежнати услови од аспект на безбедноста.
Новиот експресен пат ќе има две ленти со ширина од 3,5 метри и две ленти за застанување со ширина од два метра. Предвидено е да бидат изградени 11 мостови, 22 пропуста, три надпатника и два потпатника.
Активностите на терен ќе ги извршува австриската компанија „Штрабаг“ која е избрана како најповолен понудувач.
Според договорот, проектот ќе се реализира во два дела. Првиот дел е изградба на експресен пат во должина од 23,5 километри по целосно нова проектирана траса за што се обезбедени финансии со заем од ЕБОР. Вториот дел опфаќа петгодишно одржување на делницата од клучката Три Чешми до клучката Радовиш што ќе биде финансирано од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.
Сугарески на прес-конференцијата информираше дека е потпишан договор за изградба и на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп за делницата од Градско до Дреново за каде се очекува старт на активности до крајот на годинава. Пред потпишување е договорот за изградба на првата фаза од експресниот пат Ранковце – Крива Паланка за делница Страцин – Длабочица. Сугарески се надева дека наскоро ќе бидат надминати и проблемите што се појавија во тек на изградбата на експресниот пат од Штип до Кочани, со експропријација на земјиштето и три археолошки наоѓалишта.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да постапи по обвинувањата на пратеникот Венко Филипче кон Славјанка Петровска
-

МВР: За осум месеци блису 390 000 казни од „Безбеден град“
-

Реконструкцијата на охридската гимназија ќе продолжи следната година
-

„Текстилијада“ во Штип, десет години глас за работниците
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
