Ќе се гради експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

Пратеничката во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка Слаѓана Митовска најави неколку инфраструктурни проекти кои, како што рече, се од круцијална важност за жителите на овој град. Најзначаен меѓу нив е новиот експресен пат од Ранковце до Крива Паланка, во должина од 26 километри.
- Граѓаните на Крива Паланка ни ја додоа довербата и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и програмата „Реално“ зашто во неа препознаа реални капитални проекти кои се од исклучително значење за сите нив. Еден од тие проекти е експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, во должина од 26 километри и широчина од 12,5 метри, со проценета вредност до 78 милиони евра. Станува збор за модерен пат со четири ленти, по две во двете насоки, со 22 мостови, 2 клучки, 9 натпатници и 13 пропусти. Изградбата на овој пат е значајна за жителите на Крива Паланка и Ранковце, како и за целиот североисточен регион и за сите кои транзитираат кон Република Бугарија зашто ќе обезбеди побрз и побезбеден сообраќаен проток, изјави Митовска.
Таа најави дека е планирана реконструкција на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, во должина од 12 километри.
- Проценетата вредност на овој проект е околу 30 милиони евра. Опфаќа целосна рехабилитација на патниот правец, реконструкција на најкритичните делови од патот, проширување на делови од коловозот, ублажување на свиоците како и решавање на т.н. црни точки на овој патен правец, додаде Митовска. Потенцираше дека реализацијата на овие два проекти во вредност од над 100 милиони евра ќе значи и модернизација на коридорот 8.
Митовска најави и изградба и санација на локални патни правци во општината, меѓу кои патните правци до село Трново, од село Стамболици до месноста викана Крстата падина, пристапен пат од Мезовски ливади до село Градец.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
