Ќе се гради детска градинка во Зрновци

Општина Зрновци и Минситерството за труд и социјална политика потпишаа договор за изградба на нова детска градинка во ова населено место. Градинката ќе биде од особена важност за жителите на оваа општина бидејќи ваков објект во општината нема, а најодалечениот е десетина километри во Кочани.
- Со Министерството за труд и социјална политика потпишавме договор за изградба на нова детска градинка во Зрновци. Финансиските средства се обезбедени од МСИП грантот од ИПАР програмата на ЕУ во вкупна вредност од 230 илјади евра. Градинката ќе биде лоцирана на влезот во Зновци на површина од 400 метри квадратни и ќе биде со капацитет од 80 до 100 деца, изјави градоначалникот Блаже Станков.
Според договорот, истакна Станков, Министерството за труд и социјална политика се обврза целосно да ја опреми градинката со потребните реквизити и опрема за нормален престој на децата.
Изградбата на новата детска градинка во Зрновци се најавува за месец септември оваа година.
Градоначалникот Станков информираше и за добиените проекти за регулација на Зрновска река, втора фаза и асфалтирање на крак од улиците „Скопса“ и „Генерал Апостолски“ во вкупна вредност од 200 илјади евра, средства добиени од канцеларијата на МСИП од ИПАР програмата на ЕУ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
-

Пожарот во Зелениково наврме локализиран, спречена опасноста да зафати куќи и викендици
-

Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
-

СДСМ обвинува за притисок врз директори
-

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
