Ќе се гради биолошка прочистителна станица во неготинско Тремник
Во рамки на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ кој се реализира во соработка и со поддршка од Министерството за транспорт и врски, а е финансиран со средства преку Европската инвестициона банка, општина Неготино започна со подготовка за реализација на изградба на Биолошка прочистителна станица во селото Тремник, од контејнерски тип.
- Станицата ќе биде лоцирана во селото со влезен капацитет од 240 метри кубни, а вкупната проценета вредност на проектот изнесува 6.143.028 денари, информираа денеска од неготинската Локална самоуправа.
Претходно, беше реализиран комплетниот проект за изградба на фекална мрежа од 3 крака со кои се покри целата територија на селото Тремник, а сега е во фаза приклучувањето на објектите во селото кон таа мрежа.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола