-->
-->
Ќе се градат патишта во селата Саса и Моштица, општина Македонска Каменица
-->

Општина Македонска Каменица обезбеди 260 илјади евра од ИПА фондовите преку Министерството за финансии на РМ за изградба на локални патишта во селото Саса и во селото Моштица.
Како што истакна денеска градоначалникот Дарко Митевски, овие средства ќе бидат искористени за изградба на локалните патишта до Сарафско маало во селото Саса и до Перчачко маало во село Моштица.
- На повикот од Министерството за финансии Општина Македонска Каменица аплицираше со два проекти за изградба на двата локални пата кои се далеку од неопходни за жителите кои живеат на овој дел од општината. Патот до Сарафско маало е со вкупна должина од околу 2 километри, а патот до Перчачко маало е со должина од околу 2,7 километри. Ширината на коловозот е 3, 5 метри, а фирма-изведувач е Жикол ДООЕЛ Струмица. Градежните работи на патиштата треба да бидат реализирани за најмногу една година, рече Митевски.
Тој додаде и дека Општина Македонска Каменица е една од првите пет македонски општини кои ги користат овие неповратни средства и со тоа се продолжува трендот на успешни апликации на разни меѓународни фондови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
