Ќе се градат две мали хидроцентрали на реката Брегалница
На реката Брегалница ќе се градат две мали хидроцентрали, информира Тоше Ѓеорѓиев раководител на секторот за локален економски развој во Општина Штип и додава оти е изработен физибилити студијата, а локациите на хидроцентралите се на вливот на реката Отиња во реката Брегалница и кај Градскиот стадион во Штип.
- На овие локации каде што ќе се градат хидроцентралите ќе има мали езерца, смирување на водата, со ова ќе се обезбеди и заштита од поплави, а ќе се уреди и речното корито, вели Ѓеоргиев.
Постапката за изградбата на малите хидроцентрали на реката Брегалница е почната со денешното гласање на советниците во Советот на Општина Штип на Комисиите за финансии, статус и прописи и урбанизам. Од страна на советниците прифатени се предлог одлуки за физибилити студијата и за изградба на двете мали хидроцентрали по пат на јавно-приватно партнерство.
Ново на Сител
-
Бугарија доби политичка влада, ќе ја предводи Росен Жељазков
-
Трет ден протести на синдикатот на УПОЗ
-
Независниот синдикат на администрацијата на средби во Владата
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира
-
Во 2025 година о. Штип очекува да инкасира 60 милиони денари по основ данок на имот
-
Живот зависен од батерии
-
Преглед на вестите од светот