Ќе се формира сојуз на млади земјоделци по примерот во Словенија, најави Николовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најави формирање сојуз на млади земјоделци по примерот во Словенија. Како што рече денеска на прес-конференција, веќе е почната реализацијата на оваа идеја, а млади земјоделци од земјава во октомври ќе заминат на студиски престој во Словенија за да ги слушнат тамошните искуства.
-Во процес на креирање е нова идеја, за формирање сојуз на млади земјоделци по примерот на Руралната младинска асоцијација на младите фармери од Словенија кои се дел од Европската организација на млади фармери и кои годинава слават 30-ти роденден. Овој пример беше нашиот лајт мотив, она што го видовме заедно во Словенија да го пресликаме дома и да ги мотивираме нашите млади земјоделци преку ваков сојуз да ги следат модерните текови и полесно да ги исполнат европските стандарди во земјоделскиот сектор тука, истакна Николовски.

Формирањето на сојузот, напомена, ќе придонесе и формирање потсекторкса група за млади во која ќе се креираат сите политики и програми за младите земјоделци.
-Веќе ја почнавме постапката за реализација на оваа идеја. Организираме студиско патување за наши млади кои ќе го посетат Сојузот во Словенија овој октомври, по што веднаш ќе го формираме сојузот прв пат од независноста на државата, потенцира министерот.
Ново на Сител
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
-

Опожарена шума, нерешени имотни односи и обвинувања за привилегии
-

Дефинитивно нема договор за една изборна единица, се кршат копјата за гласење на дијаспората
-

Тема на денот со Изет Меџити, копретседател на ВРЕДИ
-

Бенефит за граѓаните или интерес на локални моќници? Протест на жителите од Заполжани и Новоселани против изградба на пат
