Македонија
29. December 2022 - 16:34

Ќе се формира ли Агенција за сајбер безбедност?

Дигиталната безбедност и недостатокот од информатички кадар, посигурен интернет и конкретни препораки до јавните институции. Ова се столбовите во новата Национална стратегија, која има амбиција да ја направи Македонија дигитален лидер во регионот.

Потребни се конкретни потези посебно на темата сајбер безбедност. По зачестените напади, но и дојави за бомби, министерот Алити посочи што и недостига на земјава во борбата со хакерите.

„Во Македонија проблемот е во фактот што ние немаме Сајбер агенција, по примерот на другите земји...”

Македонија се соочува со уште еден крупен проблем на полето на дигитализацијата. Во земјава има сериозен недостиг од информатички кадар.

„Тоа е проблем не само кај нас и потребно е основање на Дигитална агенција – тоа е наш предлог до Владата”

Националната дигитална стратегија се носи за периодот од 2023 – 2027 година, а денеска беше одржана уште една јавна расправа која има цел да ги подобри решенијата во текстот.