-->
-->
Ќе се донираат средствата предвидени за најубаво украсени објекти
-->

Средствата од буџетот на општина Крива Паланка предвидени за доделување награди за најубаво украсени објекти во градот годинава ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, информира дека донесена е одлука годинава воопшто и да не се распишува конкурс за најубаво украсени приватен и деловен објект, кој се спроведуваше седум години.
-Досега доделувавме награди за најубаво украсени објекти и мислам дека ја постигнавме целта на ваквиот конкурс. Граѓаните ги украсуваат домовите, дуќаните, дворовите и терасите и ја надополнуваат предновогодишната атмсофера во градот. Оваа година решивме тие средства наменети за награди, околу 10.000 денари, во соработка со Меѓуопштински центар за социјални работи да ги доделиме на едно семејство во социјален ризик и да им ја разубавиме новата година, изјави Алексовски.
Според него, иако не станува збор за голема сума пари, сепак, како што рече, ќе биде добредојдена во конкретното семејство.
-Определено е повеќечлено семејство кое секако ќе биде изненадено, но и ќе има една поубава новогодишна ноќ. Ова не се големи средства, но се едно внимание од општината, проследено со желби за убава и успешна, бериќетна година за ова и сите семејства од нашиот град, додаде Алексовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
