Ќе се чува како резерва трансформаторот од РЕК Битола кој беше на поправка во Белград
Во РЕК Битола пристигна трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија, по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021 година, соопшти АД ЕСМ.
Постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на Термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат во своето четириесетгодишно постоење, РЕК Битола да има резервен трансформатор кој би можел веднаш да биде ставен во функција со цел непречено производство на електрична енергија.
Трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола беше оштетен во пожар кој избувна заради зголемен напон кој дојде во постројката од преносната мрежа. По неуспешните обиди за негово ставање во функција од страна на стручни лица во РЕК Битола, МЕПСО и експерти од Електротехничките факултети во земјава, трансформаторот беше испратен и успешно поправен во фабриката Комел во Србија.
Во моментов, Блок 3 работи со новонабавениот трансформатор монтиран во јануари, наведуваат од АД ЕСМ.
Ново на Сител
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

Опозицијата реагира дека предлог-казните за злоупотреба на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ биле ниски
-

Ахмети: Без извршен Бадентер, нема коалиција со идна Влада
-

СДСМ: Изолација од ЕУ, суспендирани исплатите од ИПАРД 3 поради корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?
