Ќе платеа со живот: Двајца малолетници тешко повредени, правеле селфи на вагон
Вчера околу 23.00 часот во Куманово, на Железничката станица, двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години се качиле на товарниот воз(вагон-контејнер), кој бил во мирување за да се сликаат над контејнерот.
Притоа, во еден момент шеснаесетгодишникот од Куманово остварил физички контакт со електричниот проводник над возот при што се здобил со изгореници во делот на грбот, левата нога и стомакот.
Седуманесетгодишникот од с.Отља, општина Липково, во тој момент скокнал од вагонот и се здобил со телесни повреди.
По настанот, 16-годишниот малолетник, по укажаната лекарска помош во Медицински центар Куманово, бил пренесен во Одделот за изгореници во градска болница Св.Наум во Скопје.
Седуманесетгодишникот бил задржан во Хируршко одделение во МЦ Куманово за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Железничкиот сообраќај бил во прекин во периодот од 23.00 часот на 10.09.2016 година до 02.00 часот на 11.09.2016 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани