Ќе има уште песни, сега е време да тагуваме: Поради смртта на Оливер, неутешната Северина ја одложи објавата на новата песна
Популарната сплитска пејачка Северина поради смртта на Оливер Драгојевиќ ја одложи објавата на новата песна „Магија“ која ја сними со Јала Брат.
„Денеска не можам да ја објавам новата песна, не можам да зборувам, да јадам, а ни да спијам ниту би можела да се радувам... Ајде малку да тагуваме... Ќе има песни ... Почивај во својата песна, Мој Галебе’, напиша Северина.
Северина со емотивна објава на својот Фејсбук профил се прости од легендата на регионалната музичка сцена.
„Ова е тешко, ова нема смисла, ова е претешко...На неговите песни ги учев првите зборови. Ова е многу тешко и не сакам да верувам. Тој е папе на сите Далматинци. Неговите песни влегоа во нас низ мајчиното млеко. Тој е во мојата ДНК, во твојата и во сите нас. Те сакам, папе. Плачем, папе. Прости ми, папе...Сите плачеме“, напиша Северина на далматиснки на својот Инстаграм.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите