Свет
13. October 2016 - 16:55

Ќе има ли војна - Путин издаде наредба: Сите да се вратите назад во Русија!

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ, сите функционери и членовите на нивните семејтва кои што живеат во западните земји да се вратат во Русија, поради страв од избувнување на глобален конфликт.

Како што пренесуваат британските медиуми, рускиот претседател им порачал на дипломатите на сите нивоа да ги доведат своите најблиски во својата татковина – Русија.

Тоа отишло до таму, како што пренесуваат британските медиуми, така што им било наложено на сите кои што имаат деца запишани на студии на Запад, да се вратат во Русија, иако веќе учебната година е речиси секаде започната.

Указот се однесува на административците, регионалните администратори, вработените во законодавните тела на сите нивоа, како и на работниците во јавните корпорации. И додека еден дел од аналитичарите тврдат дека не се знае зошто е донесен овој указ, многумина веруваат дека ова е само дел од подготовките на Русија за евентуално избувнување на „голема војна“.

Рускиот политички аналитичар Станислав Белковски вели: „Ова е дел од пакетот на мерки со кои што елитата би се подготвила за голема војна“.

Сето ова се случува после нешто повеќе од една седмица, откако претседателот на Русија донесе одлука во секој град во земјата да се одржат вежби во кои што ќе учествува цивилното население. Целта е, како што се вели, граѓаните да се подготват за евентуална војна или пак за во случај на нуклеарна криза.

Британските медиуми пренесуваат дека властите од Москва неодамна најавиле изградба на 12 големи нуклеарни бункери во кои што би можеле да се сместат над 12 милиони луѓе.

Во меѓувреме, за тензиите уште повеќе да се зголемат, од Велика Британија пристигнаа информации дека на пилотите на Кралското воено воздухопловство на Британија, ќе им биде дозволено да ги нападнат руските воени авиони во Сирија, доколку сметаат дека би биле загрозени од нив.

Реакциите од западот поради ситуацијата во Алепо не стивнаа. Откако Американците ги обвинија Русите за воени злосторства поради бомбардирањето и масивната копнена операција на сириската војска во Алепо, истото го стори и францускиот претседател Франсоа Оланд кој што им порача на Русите дека поради бомбардирањето во споменатиот сириски град, би можеле да се соочат со Меѓународниот кривичен суд во Хаг.