Ќе има ли штети од санкциите кон Русија?
Штети ќе има, но колкави ќе бидат ќе зависи од тоа какви санкции ќе воведе Русија. Од Македонско - руската стопанска комора очекуваат земјата во најскоро време да го возврати ударот, но се надеваат дека санкциите нема да бидат во целост.
Кај дел од фирмите кои соработуваат со оваа земја, владее страв поради неизвесноста на истокот. Некои размислуваат и за алтернативни пазари, но тоа ќе оди многу тешко, затоа што соработката со една земја се гради со години.
Најпогодени ќе бидат земјоделскиот сектор, прехрамбената и фармацевската индустрија.
Од комората велат дека ова се случува во време кога трговската размена со Русија бележи раст. Лани извезувала над 200 милиони евра или 12,4 проценти повеќе од 2020 година.
Јаболки, праски, зелка, ајвар, вино, акумулатори е она што од земјава се пласира на рускиот пазар, а освен гасот и другите енергенси од таму се увезуваат и метали.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар