Ќе има ли преговори на Москва и Киев - Кремљ тврди дека се подготвени за дијалог во Минск
Спремни сме за преговори со Укарина, но прв услов е украинската војска да го положи оружјето. На вториот ден од руската инвазија, првиот руски дипломат Сергеј Лавров откри дека предлогот е испратен до властите во Киев и чекаат одговор.
Објаснувајќи ги мотивите за рускиот напад, Лавров рече дека Русија веќе осум години пробува да ја реши кризата на мирен начин, со почитување на договорот од Минск, но биле саботирани од Западот.
Лавров соопшти и која е крајната цел на руската инвазија - ослободување на Украина од нацизмот и недемократската влада.
Потврда за спремноста на Москва дојде и од Кремљ. Русија е подготвена да испрати своја делегација во Минск на разговори, каде што би се преговарало за неутралниот статус на Украина.
-„Во овој контекст, како одговор на предлогот на Зеленски, Владимир Путин е спремен да испрати руска делегација во Минск на ниво на претставници на Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и претседателската администрација за преговори со украинската делегација“, соопшти портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Мировните преговори биле тема и на телефонскиот разговор на Путин со кинескиот колега Џинпинг.
-„САД и НАТО долго време ги игнорираа разумните безбедносни грижи на Русија, во неколку наврати не ги испочитуваа нивните обврски, продолжувајќи со распоредување на војници на истокот, доведувајќи ја во прашање стратешката крајна линија на Русија“, му рекол Путин на кинескиот претседател.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
