Бизнис
6. February 2018 - 21:18

Ќе доцни ли примената на владиниот план за економски раст?

Владата потпишала договор со странски инвеститор кој ќе ги користи мерките од економскиот план, иако законот уште не е донесен. Вицепремиерот Анѓушев објаснува дека ова е со цел да се овозможи инвестирањето во ТИРЗ додека да стапат на сила мерките.  Сепак останува нејасно како странските инвеститори ќе почнат со користење на поволностите кои уште не се поминати во СобраниетоТекстот на законот е изготвен и се очекува да биде усвоен кон крајот на март.

- Законот се носи за да нема потреба со секоја компанија поединечно да се потпишува договор како што беше досега.

- Законот е рамка во која нема потреба посебно да се преговара и потпишува договор со секоја компанија. Со него ќе биде одредено точно што треба да добие секоја компанија. На тој начин компаниите ќе имаат предвидлива ситуација и нема да зависат од волјата и субјективната желба на никого и однапред ќе можат да имаат проекција за своите инвестиции и како ќе бидат помогнати од државата -рече Анѓушев.

Завршните сметки на компаниите ќе бидат поднесени до крајот на месецов. Со нив само успешните компании односно оние кои оствариле позитивни резултати лани, ќе можат да аплицираат за државна помош. Со предвидените мерки Владата треба еднакво ќе ги поддржи домашните и странските инвеститори

Условите се фирмата минатата година да имала приход поголем од просекот во последните 3 години и да нема намлаување на бројот на вработени за истиот период.

За планот кој треба да донесе економски раст државата издвои близу 60 милиони евра кои треба да донесеат 100 000 нови вработувања.