Македонија
14. јуни 2021 - 16:47

Ќе биде ли објавена анализата за сечата на дрвја на улицата Орце Николов во Скопје?

На Шилегов не му е јасно зошто граѓаните инсистираат да го видат документот, кој наводно покажува дека неопходна била  сечата на дрвjа на улицата Орце Николов. Иако засега не планира јавно да го објави, ја уверува јавноста дека немало ништо спорно во целата операција, бидејќи 8те исечени дрвjа биле  стари и ја загрозувале безбедноста на граѓаните, тврди тој.

Како се чувствува  поради соголената улица, став побаравме и од поранешнито активист и еден од лидерите на паркобраните  Никола Наумовски кој пред 8 години го штитеше зеленилото во главниот град со секојдневни протести а кој сега е шеф во кабинетот на Шилегов. Иако на почеток прашањето го оцени како иронично, подоцна ни одговори дека дрвата се исечени со причина со проценка на стручни лица.

-Живеам во непосредна близина на дрворедот и ми е драго што со детето ќе можам да шетам по слободен тротоар и велопатеки и издигнати пешачки премини, како и под обновен и безбеден дрворед од 178 дрвја. Ниедо дрво не е исечено без добра причина, сите се документирани како мртви, болни и опасни од стручни лица, вели Наумовски.

Од друга страна, пак, министерот за животна средина Нуредини потсети дека локалната власт е таа која треба да го слуша гласот на народот, кога станува збор за прашања поврзани со екологијата.

За соголената улица, со став излеле и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ реагира дека локалната власт  иселка повеќе дрвја од дозволеното.

Од СДСМ пак велат дека додека ВМРО-ДПМНЕ биле на власт не сториле ништо за разеленување на градот.

-ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното режимско владеење потрошија стотици милиони евра, пари на граѓаните за споменици, барок од стиропор, палми, жални врби и вртелешки, од град со зеленило, дрвја и паркови го претворија Скопје во најзагаден град на светот. Сечеа дрва за да стават бекатон и бетон, денеска никој веќе не зборува за загадување, туку за раззеленување, а болните, стари дрва се заменуваат со нови., се вели во сооштението на СДСМ.

За проблемот со исечените дрвја вчера јавно алармираа и граѓаните. Кои од улица порачаа дека се изманипулирнаи, бидејќи иако пред еден месец градоначалникот Богдановиќ им ветил дека ќе ги заштити дрвјата, сега го прави спротивното.