Кисела Вода одвои средства за Гази Баба и за санирање на штетите
Советот на Општина Кисела Вода на вонредна седница денеска донесе одлука за доделување помош од 600.000 денари на Општина Гази Баба, како најпогодено подрачје од поплавите.
Локалната самоуправа издвои 2.000.000 денари за санирање на последиците на материјалната штета која ја имаат најпогодените жители на општина Кисела Вода. Средствата ќе бидат исплатени врз основа на категоризацијата на штетата, евидентирана во направените записници од страна на Комисиите за проценка на штетите кои се сочинети од по тројца вработени во општината и по двајца советници и од позицијата и од опозицијата.
Во општината се спроведува хуманитарна собирна акција во сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, кои работат со продолжено работно време, од 06:30 до 22 часот. На овие локации, сите хумани граѓани во рамки на своите можности веќе донираат флаширана вода, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства кои во моментов им се најпотребни на семејствата погодени од поплавите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ