Кирк Даглас како Роки, дочека да се напие вотка

Актерот Кирк Даглас го прослави синоќа својот 100. роденден во Беверли Хилс хотел во Лос Анџелес, а во салата влезе со баксерски ракавици, проследен со музичката тема од филмот „Роки“.
На приватната свеченост, на која присуствуваа околу 150 пријатели и членови на семејството, Даглас го одржа ветувањето дадено на доктор пред неколку години, дека доколку доживее 100 години ќе се напие чаша вотка.
Пред да стаса вотката, сипана во голема чаша за мартини, Даглас примаше честитки, додека беа пуштани инсерти од неговите најпознати филмови.
На свеченоста беше неговата сопруга, 97-годишната Ен Бајденс, со која е во брак 62 години, синот Мајкл Даглас со сопругата Кетрин Зита Џонс и седумте внучиња.
Мајк порача дека свеченоста не е само поради неговиот јубилеј, туку и поради животот кој Кирк го живее и кој го остварил.
- Една од работите, која за мене е најневеројатно во врска со мојот татко е неговото трето доба. Откако се што постигна во кариерата и и подари на оваа земја и после сите несреќи кои ги доживеа - губење на синот, хеликоптерска несреќа, срцев удар, она што го остварува во третото доба мислам дека е неверојатно, порача Мајкл Даглас.
- Тој кажа некои убави работи за некого кого јас не познавам, рече Кирк, одговарајќи на говорот на својот син, дополнувајќи дека Мајк бил избран да ја организира прославата бидејќи „тој има најмногу пари“.
Свеќите на тортата ги запали неговата снаа Кетрин Зита Џонс, која на славеникот му ја отпеа песната „Среќен роденден“ во придружба на гудачки квартет.
Режисерот Стивен Спилберг изјави дека за време на 47-годишната кариера работел со најдобрите, но дека единствена филмска ѕвезда која ја запознал е Кирк Даглас.
- Ти имаш нешто што никој друг нема. Кога го гледате Кирк како глуми, или прави што било друго, не можете да ги тргнете очите од него. Не е можно да не го гледате, рече Спилберг, додавајќи дека тој е „волшебен човек“.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
