-->
-->
Кире Лазаров нема да игра против Данска!
-->
Лазаров се повреди на натпреварот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот.Откако го загуби дуелот со Чешка, а со него и шансите за полуфинале, Македонија нема многу резултатски мотиви за играње, па затоа Кире Лазаров нема да ризикува, информира порталот Спорт1.
Селекторот Раул Гонзалес ја искористи последната замена на Европското првенство да го извади Кире Лазаров од составот. Капитенот нема да биде меѓу 16-те за денешниот натпревар со Данска, а на негово место шанса ќе добие Гоце Ојлески.
-Лазаров се повреди на натпреварот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот. Сепак, по два дена во Загреб на прегледи и третмани, синоќа излезе против Чешка, сам околку да ги изведува пеналите, потсетува порталот.
Ојлески првпат ќе добие шанса и многу веројатно е дека ќе го почне вечерашниов меч, за да го одмени досега единственото лево крило во наата репрезентација, Дејан Манасков.
Мечот Данска – Македонија се игра од 18.15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
