Кирби: САД немаат утврдено чија е вината за уривањето на браната
САД не негираат дека руските сили може да се одговорни за уривањето на браната Нова Каховка но сеуште немаат утврдено чија е вината за тоа, изјави вчера Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа.
-Знаеме само дека има многу жртви и исто така многу загинати. Иако ова се рани извештаи и неможеме да специфицираме. Руските сили лани незаконски ја презедоа браната (и електростаницата) и незаконски ја окупираат, рече тој.
Додаде дека САД прават колку што можат да се оценат овие извештаи.
-Работиме со Украинците да се соберат повеќе информации. Но не можеме да кажеме конкретно што се случило, изјави Кирби.
-Тоа што е јасно е дека штетата за украинскиот народ е значителна. Браната обезбедува вода како за наводнување на регионот и за наводнивање на Крим, така и за хидроелектраната но и за нуклерната централа Запорожје, рече тој и додека дека САД со олеснување ја примиле веста од директорит на Меѓународната атомска агенција дека нема непосреден ризик по безбедоста на таа централа.
Ново на Сител
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
