Кипарскиот претседател подготвен за продолжување на преговорите за поделениот остров
Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес денеска изјави дека е подготвен за продолжување на преговорите за обединување на етнички поделениот остров, што беа неделава беа прекинати откако западнаа во ќорсокак, доведувајќи го во прашање 18-месечниот мировен процес, јави Танјуг.
Тој, меѓутоа, додаде дека натамошните преговори со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, ќе мора да останат фокусирани на тоа колку територија ќе контролира секоја страна во евентуалната федерација, пред разговорите да можат да преминат во финалната фаза, пренесуваат американските медиуми.
Анастасијадес додаде дека тој и Акинџи постигнале напредок во текот на двата дена интензивни преговори, поддржани од ОН, во швајцарското место Мон Пелерин.
Преговорите, меѓутоа, запнаа пред два дена заради несогласувањето на кипарските Турци во врска со бројот на кипарски Грци кои ќе имаат право да бараат враќање на имотот врз основа на новите федерални граници.
Кипар е поделен од 1974 година на турски и грчки дел. Преговорите за повторно обединување, со прекини и со помош на ОН, се водат со децении.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот