Кинезите направија уште едно чудо: Погледнете како изгледа мостот долг 55 километри кои го градеa 6 години
Поголемиот дел од работата за изградба на најдолгиот мост во светот беше завршена според планот, откако инсталираниот систем за осветлување беше тестиран, објавија кинеските власти.
Потребни биле шест години подготовки и осум години за изградба на мост со должина од 55 километри кој ги поврзува Хонг Конг, Чухаи и Макао.
Главната работа на мостот се состои од главен мост долг 22,9 километри, тунел од 6,7 километри и вештачки остров, кој се смета за најсложениот дел од целата конструкција.
Следниот месец инженерите и конструкторите ќе ја проверат координацијата на разните мостни системи и опреми, и ќе продолжат да го проверуваат мостот, рече Занг Ѓинвен, директор на проектот.
- Во текот на изминатите 14 години, регионалната економија и транспортната мрежа претрпеа огромни промени, што доведе до преглед на капацитетот на мостот, рече Су Џи, помошник-директор на HZMB Authority.
Тој ја отфрли загриженоста дека сообраќајот на мостот нема да биде со доволен интензитет.
- Имаме голема доверба за иднината. Го имаме целокупниот алат кои на нас ни е достапен", рече Су. "Тоа е како карти за играње, можеме да ги прилагодиме нашите потези соодветно"со нив“.
Мостот ќе го намали времето за патување помеѓу Хонг Конг и Жу од три часа за само 30 минути, што понатаму ќе ги поврзува градовите во делта на Перл.
Ново на Сител
-
Украина нареди евакуација на цивили од истокот на земјата, каде што руските трупи напредуваат
-
Волстрит џурнал: Трамп размислува за прекласификација на марихуаната во помалку опасна категорија дрога
-
Зеленски рече дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите
-
Во Нагасаки беше одбележана 80-годишнината од американскиот атомски напад
-
Претседателот на Собранието се очекува да ги распише локалните избори
-
Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август за да преговараат за крај на војната во Украина
-
Сончево и многу топло
-
МПЦ-ОА го празнува споменот на Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон