Кинезите го прават најмоќниот компјутер во светот
Кинеските научници развиваат супер моќен компјутер, кој ќе може да обработи квантион (билион билиони) операции во секунда.
Компјутерот веќе е именуван како Тианхе- 3, а неговото доаѓање на маргините на 19. Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина, го најави Менг Ксиангфеи, еден од шефовите на Националниот супер-компјутерски центар.
Според него, тоа ќе биде компјутер побрз од моментално најбрзиот во светот, ќе може да комуницира со висок степен интелигенција, но, исто така, ќе биде корисен во традиционалните индустрии, како што се металска, создавање на бизнис модели, како и креирањето, на пример, проекти за цели мали „паметни" градови.
- Тој ќе го поддржи развојот на здравјето, помоќна и дигитализирана Кина, рече Ксиангфеи.
Токму сега, како што објасни, Тианхе- 1, првиот кинески квадрилионски компјутер опслужува повеќе од 1.600 истражувачки институти во повеќе од 20 кинески провинции.
- Кина има намера да стане најмоќната технолошка сила во светот до 2035 година, додаде тој, наведувајќи дека секоја година од студии излегуваат повеќе од 600.000 нови дипломци обучени за највисоки технологии.
Тој вели дека Кина ќе продолжи да вложува во новите научни и технолошки достигнувања, наведувајќи дека е многу задоволен што неговата земја станува иновативна и технолошки моќна нација.
Инаку, Кина беше светски лидер во науката и технологијата уште од времето кое му претходеше на владеењето на династијата Минг. А, потоа, во четиринаесетти век, овие активности беа значително намалени.
Четирите најпознати кинески откритија од тој период се хартијата, компасот, барутот и печатарската вештина.
Во деветнаесеттиот век, кинеските реформисти почнаа повторно да ја промовираат науката и технологијата како дел од политиката за зајакнување на земјата.
По граѓанската војна, која во Кина заврши во 1949 година, со победата на Комунистичката партија, напорите за организирање на науката во технологијата беа базирани на советскиот модел, а Културната револуција (1966-76) не се одлучи за поддршка на кинеската наука и истражувањето.
По Културната револуција, Кина брзо стана една од водечките светски технолошки сили, со инвестиции што сега достигнуваат неколку стотици милијарди долари годишно, а науката и технологијата денес се сметаат за престиж во постигнувањето на економски и политички цели.
Дури неретко научните и технолошкото достигнување се сметаат за национална гордост, па целото движење се нарекува „техно-национализам".
И кинеската вселенска програма е една од најактивните во светот, а пред неколку дена беше објавено во медиумите дека кинеските научници дошле до забележување на „оптички дупликат" на гравитационите бранови, кои се создаваат од спојувањето на две бинарни неутронски ѕвезди со помош на истражувачкиот телескоп на Антарктикот.
- Поврзувањето на црните дупки со екстремно силното гравитационо поле не може да предизвика исфрлање или електромагнетни појави, вели Ву Ксуфенг, истражувач од опсерваторијата Пурп Маунтин на Кинеската академија на наука.
Како што објаснува, судирот на бинарни неутронски ѕвезди е проследен со серија електромагнетни појави, кои се клучни за испитување на потеклото на тешки елементи како платина и злато.
Ново на Сител
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција