Кинескиот претседател во посета на Велика Британија
Кинескиот претседател Си Џинпинг заедно со неговата сопруга доцна синоќа пристигна во Лондон на четиридневна државна посета на Велика Британија.
Ова е прва ваква посета на еден кинески претседател на Велика Британија по 2005 година.
Британскиот премиер Дејвид Камерон по повод даоѓањето на претседателот Си, изјави дека посетата ја одбележува „златната ера“ на британско-кинеските односи.
На аеродромот Хитроу, гостите од Кина ги пречекаа виконтот Худ, во име на британската кралица Елизабета, која е формалниот домаќин на претседателот Си, како и британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд.
Официјалниот дел од посетата, почнува денеска.
Кинескиот претседател ќе се сретне со кралското семејство, ќе престојува во Бакингамската палата, ќе има средби со лидерите на бритаскиот бизнис, а ќе зборува и во британскиот Парламент.
Главните политички разговори, Си ќе ги има со премиерот Камерон и на нив се очекува да бидат покренати билатерачни прашања, како и теми од меѓународните односи.
Претставник на Даунинг стрит 10 изјави дека на масата за разговори ќе се најдат сите прашања. Од британска страна се очекува да се покрена прашањето за субвенционирањето на кинескиот челик, но и ситуацијата со човековите права во Кина и кибер нападите.
Посетата на Си Џинпинг доаѓа по минатомесечниот престој на британскиот министер за финансии Џорџ Озборн во Пекинг. Озборн навести дека официјален Лондон има намера да ја направи Велика Британија најголемиот партнер на Кина на Западот.
Амнести Интернешенел и други групи за човекови права, најавија за денеска протест во лондонскиот парк Сент Џејмс, со осуда за властите во Пекинг, поради непочитувањето на човековите права, но има најава дека ќе се одржи и манифестацја со подршка за Кина и нејзината политика.
Ново на Сител
-
Уапсен 38 годишен косовски државјанин - Ја палел зградата на општина Тетово
-
Во четврток прва седница на ЕСС, ќе се зборува и за покачувањето на минималната плата
-
До петок променливо време, за викендот стабилно и топло
-
Мицкоски: До сега во неколку случаи сум разочаран од делувањето на обвинителството и судството
-
Момчето убиец од Рибникар: Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа
-
Бурим Латифи: Сите информации за наводно потрошени пари се само лажни вести
-
Од 2013 до 2021 годишно мигрирале по околу 2.500 високообразовани кадри
-
Иран ја активирал противвоздушната одбрана над градот Исфахан