Кинескиот претседател побара модернизација на вооружените сили
Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска побара националните вооружени сили да се опремат со модерни технологии, пренесоа британските медиуми.
Стимулирањето на научно-техничките иновации е клучот кон зголемување на можностите на Народоослободителната армија, образложи Кси Џинпинг во говорот пред воените делегати на годишната сесија на кинескиот Парламент.
Тој ја спомена важноста за подобрување на соработката со цивилните власти со цел да се обезбеди поефикасна обука на квалитетните воени кадри.
Под раководство на Џинпинг во тек е брзата модернизација на националните вооружени сили - најмногубројната армија во светот, забележуваат британските медиуми. Кина се здоби со „невидливи" (стелт) ловци, антисателитски ракети и модерни подморници, во својот стремеж да покажува сила.
Воените реформи во земјата, меѓутоа, имаат противоречен ефект. Во 2015 година Кси Џинпин соопшти дека 300.000 војници ќе бидат скрастрени. Во земјата во текот на последните месеци се регистрирани повеќе протести на поранешни војници, кои се жалат дека не добиваат поддршка.
Кинеските вооружени сили освен тоа се соземаат по кампањата против длабоко вкоренетата корупција - главниот приоритет на властите.
Кси Џинпин пред воените делегати кажа дека бил озбеден силен импулс и постигнат напредок во борбата против корупцијата.
Ново на Сител
-
Кремљ: Важно е некој да го принуди Зеленски да го промени својот став
-
Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски
-
Фон дер Лајен утре ќе објави план за „ревооружување на Европа“
-
Релиќ и Георгиевски освоија бронзени медали на турнир во Бугарија
-
ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година
-
Отворено писмо на поранешните полски дисиденти до Трамп: Го испрашувате Зеленски како што ние бевме сослушувани од комунистичките судови и полицијата
-
ООН загрижена поради „фундаменталната промена“ на американската политика, вели Фолкер Тирк
-
Хулкенберг ја критикуваше Ф1: Емоциите на трките се природни